Четиринаесет лица беа уапсени во Франција откако 145 лица пријавиле дека биле прободени со мистериозна игла исполнета со непозната супстанција на музички фестивал одржан во саботата.
Министерството за внатрешни работи на Франција објави дека нападите со игла затекнале 145 жртви, меѓу кои 13 во Париз. Инаку, илјадници луѓе ширум државата учествувале на прославите Фête de la Musique.
Министерството ова го сфаќа многу сериозно. Некои од жртвите беа пренесени во болница за токсиколошки анализи, а истрагата продолжува.
Полицијата во градот Мец уапси две лица, меѓу кои и осомничено за „напад со игла“. Градоначалникот на Мец, Франсоа Гросдидие, изјави: „Ризиците секогаш постојат на вакви настани ... Но, мораше да се справиме со напади со игла.“
Дел од жртвите се повеќе од десетина млади жени на возраст меѓу 14 и 20 години.
Се надевам дека истрагата, особено преку проверка на неговиот мобилен телефон, ќе помогне во идентификација и на други виновници.
Француските власти не соопштија дали овие напади се случај на т.н. „needle spiking", кога напаѓачите инјектираат дрога како Rohypnol чија цел е онеспособување на жртвите.
Д-р Адам Винсток, основач на Global Drug Survey и професор на Универзитетскиот колеџ во Лондон, изјави за New York Times дека нападите со игла се „исклучително ретки“. Според него, можно е дел од граѓаните да пријавиле вакви случаи поради ширењето на информациите во медиумите.
ФРАНЦИЈА ОБВИНУВА РУСИЈА ЗА САЈБЕР НАПАДИ И ВМЕШАНОСТ ВО ИЗБОРИ
Се додека нема токсиколошки докази, приказната може да биде дека група луѓе пријавуваат нешто што само слушнале дека му се случило на некој друг. Самото чувство на остра болка не значи дека сте биле инјектирани со дрога.
И во 2022 година, за време на истата прослава Фête de la Musique, голем број луѓе пријавија прободувања со игла. Министерот за култура Рима Абдул-Малак тогаш изјави дека се работи за психолошки феномен, а не за вистински напади.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата