logo
logo
logo

Мистериозна појава во моретот покрај плажа на Малта: Туристите се згрозени од слуз и од смрдеа (ВИДЕО)

Vecer | 22.08.2025

Мистериозна појава во моретот покрај плажа на Малта: Туристите се згрозени од слуз и од смрдеа (ВИДЕО)

Во близина на брегот на градот Слима, во последните денови, „масна супстанца“е забележана како се движи кон плажата Куиси-си-сан.

Причината сè уште не е утврдена

Еден жител објави видео од необичната слуз и забележа дека има „мирис на риба“, објавува Дејли Стар.

Локалните медиуми објавија дека работниците од блиската фарма за риби наводно ја презеле одговорноста, односно дека се обиделе да ја соберат слузта.

Сепак, директорката на Федерацијата на производители на аквакултура на Малта, Шарлот Годер, не прецизираше дали супстанцата доаѓа од фармата.

Бизарна мешавина

„Тоа е мешавина од органска материја што вклучува слуз, гориво и друга нечистотија. Ве молиме имајте предвид дека во текот на викендот имаше врнежи од дожд кои ја измија органската материја во морето“.

Се додава дека морска пена е забележана и во близина на брегот и дека работниците биле испратени да ја отстранат.

Заливот Сент Полс не забележал формирање на слуз, и покрај тоа што бил најпогодено подрачје претходната недела.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk