Од радикалното движење соопштија дека го разгледуваат предлогот, дека наскоро ќе се произнесат, но и дека негодуваат што планот експлицитно не предвидува независност на Палестина, туку остава само подотворена врата за тоа. Презентирајќи го планот во 20 точки, двоецот Трамп – Нетанјаху порачаа дека приоритетно е да се постигне итен прекин на огнот и ослободување на сите 48 заложници во замена за две илјади палестински затвореници.
-Доколку Хамас го прифати, овој предлог бара веднаш ослободување на сите преостанати заложници, но во никој случај не повеќе од 72 часа.

-Ако не го прифатат, како што знаеш Биби (Нетанјаху) ќе имаш поголема поддршка да го сториш тоа што треба да го сториш. , изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
-Сите наши заложници, и оние што се живи, и оние што се починати, ќе бидат вратени дома итно. Хамас ќе биде разоружан. Газа ќе биде демилитизирана.
-Ако Хамас го одбие вашиот план, г-не претседателе, или ако наводно го прифати, а потоа стори се за да му се спротивстави, тогаш Израел ќе ја заврши работата самиот. , изјави Бенјамин Нетанјаху, премиер на Израел.
Освен враќање на заложниците, планот на Трамп предвидува етапно израелско повлекување од Газа, да нема анексија на Газа од страна на Израел, разоружување на Хамас и можност за амнестија, Хамас да не биде дел од идното управување, со енклавата да раководи преодна влада предводена од меѓународно тело се додека енклавата не биде подготвена да управува сама.
-Значи ова тело би го предводел господинот попознат како Доналд Трамп, претседателот на САД. Еден од луѓето кои сакаат да бидат во одборот е поранешниот британски премиер, Тони Блер. Тој е добар човек, многу добар човек. , вели Трамп.
Предлогот го поздравија речиси сите западни лидери и земјите од арапскиот свет. По две години од масакрот на Хамас, семејствата на грабнатите израелци велат дека ова е веројатно последната шанса.
-Изгледа дека конечно, конечно да ја завршиме крвавата војна во Газа и да ги вратиме сите наши луѓе дома.
-Оптимист сум. Многу поголем од претходно иако се уште се плашам да бидам оптимист.
Мировниот план следи непосредно по бранот признавања на палестинската држава. 10 ина земји, меѓу кои и Британија и Франција се приклучија на списокот од над 150 земји кои досега дадоа зелено светло на палестинскиот суверенитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата