logo
logo
logo

Министерство за одбрана: Турските вооружени сили се подготвени за исполнување на секакви задачи во Појасот Газа

Vecer | 16.10.2025

Министерство за одбрана: Турските вооружени сили се подготвени за исполнување на секакви задачи во Појасот Газа

- Со искуството што го имаат Турските вооружени сили од нивното учество во претходни меѓународни мировни мисии, тие се подготвени да извршат какви било задачи во рамките на меѓународното право, што водат кон воспоставување и зачувување на мирот. Активностите поврзани со нивното испраќање се спроведуваат во координација со структурите и единиците што се релевантни за прашањето, се наведува во соопштението на турското МО.

Како најитните задачи, по двегодишната војна во Појасот Газа, се посочуваат дистрибуција на хуманитарната помош и реконструкцијата на инфраструктурата.

Поранешниот директор на турската Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) Мехмет Гулуоглу е именуван за координатор на активностите за хуманитарна помош во Појасот Газа. Тој, заедно со неговиот тим од вчера е во палестинската енклава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk