logo
logo
logo

Месец ипол до изборите во Германија - КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ И КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ ЕВРОПА

Vecer | 09.08.2021

Месец ипол до изборите во Германија - КАКО СТОЈАТ РАБОТИТЕ И КОЈ ЌЕ ЈА ВОДИ ЕВРОПА

Се смета дека кој ќе ја води Германија, ја води и Европа, а на само месец ипол до изборите владејачката ЦДУ / ЦСУ иако има пад во рејттинот сепакк останува далеку пред конкурентите кај довербата на германските граѓани, покажува истражување на институтот за анкети „Инса“.

Но тоа што е шокантното унијата е фактот дека Германците го поддржуваат кандидатот за канцелар на Социјалдемократската партија (СПД), Олаф Шолц, а не нивниот Армин Лашет.

ЦДУ / ЦСУ моментално може да смета на само 26 проценти од гласовите, што е пад од еден процент во споредба со претходната недела, објави германскиот Билд ам Зонтаг.

СПД успеа да го подобри својот рејтинг и стигна до 18 проценти, еден процент повеќе од претходната недела, и со тоа ја достигна истата поддршка што ја имаат Зелените.

Партијата на слободата (ФДП) загуби еден процент и во моментов би освоила 12 проценти од гласовите, додека десничарската Алтернатива за Германија (АфД) постојано е на 11 проценти.

Левицата (Линке) се подобрува и во моментов може да смета на седум проценти од гласовите.

Кога станува збор за кандидатите за канцелар и нивната популарност, актуелниот министер за финансии, Шолц, би победил победи, доколку беше можен директен избор на шеф на владата и него го поддржуваат 27 проценти од гласачите.

Кандидатот на ЦДУ / ЦСУ Лашет ја ужива довербата на само 14 проценти од граѓаните, а кандидатката на Зелените, Аналена Баербок ужива 13 проценти поддршка.

Интересно е и тоа што 36% од граѓаните сметаат дека, доколку канцелар се бира директно, нема да го дадат својот глас на ниту еден од тројцата кандидати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk