logo
logo
logo

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија

Vecer | 25.02.2026

Мерц во прва официјална посета на Кина како канцелар на Германија

За време на средбата со кинескиот премиер Ли Чианг, германскиот лидер изјави дека неговата земја сака да ја продлабочи економската размена со Кина, но оти има одредени загрижености и сака да гарантира дека соработката ќе биде фер.

- Двете страни треба да зборуваат отворено – истакна Мерц.

Од своја страна, Ли Чианг изјави дека Кина со нетрпение очекува да промовира подлабока и попрактична соработка со Германија.

- Во билатералните односи веќе се гледа стабилен напредок – истакна кинескиот премиер. Тој додаде дека Кина сака да ги зајакне дијалогот, комуникацијата и меѓусебната доверба со Германија.

Предвидена е и средба на Мерц со кинескиот претседател Шји Џјинпинг.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk