logo
logo
logo

Мерц: Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина и покрај притисокот од опозицијата

Vecer | 09.07.2025

Мерц: Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина и покрај притисокот од опозицијата

-Германија ќе продолжи да ја поддржува Украина, и покрај притисокот од левичарските и проруските десничарски сили во парламентот, рече Мерц на седницата на Бундестагот каде што се дискутираше за буџетот, пренесува Гардијан.

Тој оцени дека „ се исцрпени“ сите дипломатски средства за завршување на војната во Украина.

-Кога криминален режим, кој отворено го доведува во прашање правото на друга земја да постои со воена сила и има намера да го уништи политичкиот поредок на слободата низ целиот европски континент, федералната влада што ја водам ќе стори сè што е во нејзина моќ да го спречи тоа, рече германскиот канцелар.

Мерц, исто така, рече дека Бундесверот „мора брзо да добие сè што е потребно за одбрана на Германија“, истакнувајќи дека е потребно да се забрза усвојувањето на законите и процедурите за набавки.

Зборувајќи за неодамнешното учество на самитите на ЕУ и НАТО, тој истакна дека Германија „повторно е забележана и, пред сè, сфатена сериозно низ целиот свет“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk