logo
logo
logo

Мерц ги повикува лидерите на ЕУ на брз трговски договор со Трамп под закана од тарифи

Vecer | 26.06.2025

Мерц ги повикува лидерите на ЕУ на брз трговски договор со Трамп под закана од тарифи

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ги повика лидерите на Европската Унија да постигнат брз трговски договор со претседателот на САД, Доналд Трамп, во наредните неколку дена.

Мерц најави дека заедно со францускиот претседател Емануел Макрон и италијанската премиерка Џорџа Мелони ќе инсистира лидерите на ЕУ да договорат заеднички став на самитот во четврток, јавува Politico. Загриженоста меѓу европските лидери расте откако Обединетото Кралство успеа да постигне поволен договор со Трамп, многу пред 27-члената Унија.

Сè уште се надевам дека трговска сила како ЕУ, со 450 милиони луѓе, има повеќе влијание од Велика Британија.

Анонимен висок дипломат на ЕУ за <em>Politico</em>
Германскиот канцелар Фридрих Мерц (десно) разговара со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на самит на ЕУ во Брисел, 26 јуни 2025 година (AP Photo/Geert Vanden Wijngaert)
Германскиот канцелар Фридрих Мерц (десно) разговара со претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола на самит на ЕУ во Брисел, 26 јуни 2025 година (AP Photo/Geert Vanden Wijngaert)

Мерц повика Унијата да се фокусира на заштита на клучните индустрии како што се автомобилската, производствената, чип индустријата, фармацијата и челикот и алуминиумот од можни тарифи најавени од Трамп. Овие сектори имаат особено значење за германската економија.

Првичната надеж на Мерц дека ЕУ ќе успее да договори нулта тарифа, слично како Обединетото Кралство, сѐ повеќе избледува. Преговарачите од Унијата велат дека американската страна нуди само скромни олеснувања, главно ограничени тарифни намалувања со ограничени квоти.

Трамп се заканува дека ќе воведе 50% тарифа на сите увозни производи од ЕУ ако договор не се постигне до 9 јули. Европските преговарачи стравуваат дека нема да ги финализираат сите детали на време, посебно во чувствителните области како автомобилската индустрија – една од главните приоритети на Мерц.

Во мај до земјите-членки на ЕУ беше дистрибуиран документ во кој се наведува дека Европската комисија е подготвена да усогласи дел од регулативите со САД за автономни возила – што претставува голема отстапка и тема што претходно беше нерешлив проблем во трансатлантските разговори.

Доколку сепак се постигне договор што ќе биде неповолен, европските лидери, особено Мерц, се соочуваат со сериозна политичка реакција на домашен терен.

Доколку договорот биде премногу едностран, ќе предизвика многу лош одзив кај јавноста во повеќето земји членки.

ЕУ службеник за <em>Politico</em>

Германија има најмногу за губење, бидејќи е најголемиот извозник во ЕУ.

Тврдењето на Трамп дека ЕУ ѝ наштетува на американската економија беше потврдено и од извештај на Public Policy Solutions од јуни. Во него се посочува дека Унијата непропорционално ги казнува американските технолошки компании, додека европските работат речиси неометано во САД, а регулаторите во исто време со доза на толеранција се однесуваат кон Кина.

Додека европските компании имаат слободен пристап до американскиот пазар, Европа прави сè за да ги поткопа американските компании во своите пазари. Дополнително, овие погрешни политики овозможија засилен влез на кинеско 5G и телекомуникациско влијание во Европа, со што се ризикува националната безбедност и се отвораат дополнителни предизвици за интеграција меѓу сојузниците.

Извештајот на Public Policy Solutions

Протекционистичките политики на ЕУ што ги оштетуваат САД ставени под лупа пред истекот на рокот за преговорите

Public Policy Solutions предлага во идниот договор меѓу САД и ЕУ да бидат вклучени три клучни одредби: укинување на сите дискриминаторски даноци и закони против американските дигитални компании; прекинување на неправедните регулативи; и одложување на усвојувањето на Законот за дигитални мрежи, кој во сегашната форма би овозможил пренос на капитал од американските во европските фирми.

Долго време очекувавме неправична трговска пракса од противници, но преспоро реагиравме на слични однесувања од Европа. За да се врати балансот во односите со ЕУ, идниот трговски договор мора да ги третира и нетарифните бариери, како даноците за дигитални услуги, и да заврши со нивниот протекционистички пристап кон американските иноватори.

Џо Гроган, основач на Public Policy Solutions

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk