logo
logo
logo

Мелони: За спречување на фемицидите, покрај закони потребна е културна и социјална промена

Vecer | 30.05.2025

Мелони: За спречување на фемицидите, покрај закони потребна е културна и социјална промена

На 26 мај во градот Афрагола убиена е 14-годишната Мартина Карбонаро од нејзиното 18-годишно момче откако ја раскинала врската.

- Ова злосторство ја обврзува земјата да погледне во лицето на длабокото зло, што не може ниту да се игнорира ниту да се прифати како нормално. Ова зло, е слепо и посесивно насилство, што премногу често е насочено кон жените, особено кон најмладите, наведе Мелони.

Таа го повика правосудството да ја исполни својата задача да дејствува во случајот со максимална строгост, а институциите да не затвораат очи пред тоа што се случило.

Мелони потсети дека нејзината влада усвоила многу прописи во обид да спречи фемициди, но законите никогаш нема да бидат доволни ако во Италија не се спроведе длабока културна и социјална промена.

- Последните години се направени чекори, но тие очигледно не се доволни. Треба да направиме повеќе заедно. За Мартина. За сите, истакна Мелони. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk