logo
logo
logo

Мелони предупредува на трговска војна на Западот

Vecer | 14.07.2025

Мелони предупредува на трговска војна на Западот

-Трговската војна на Западот би нè ослабнала сите пред глобалните предизвици со кои се соочуваме заедно, рече Мелони.

Според неа, Европа има економска и финансиска моќ да ја потврди својата позиција и да постигне фер и разумен договор.

-Италија ќе го направи својот дел. Како и секогаш, додаде италијанската премиерка, додека ЕУ вчера кажа дека за почетокот на август го одложува својот одговор во противмерки со надеж дека дотогаш ќе се постигне договор.

Трамп во саботата објави дека производите увезени во САД од ЕУ и Мексико ќе бидат предмет на царини од 30 проценти почнувајќи од 1 август.

Италијанската опозиција веднаш ја критикуваше премиерката Мелони и нејзината крајно десничарска партија „Фратели д'Италија“, додека лидерот на Движењето Пет Ѕвезди, Џузепе Конте, ја обвини дека „ја наведна главата“ пред заканите од Вашингтон.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека Брисел засега нема да возврати поради американските царини за челик и алуминиум, надевајќи се дека ќе постигне договор со кој ќе се избегнат царини од 30 проценти за сите извезени производи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk