logo
logo
logo

Мелони повика на зголемување на притисокот врз Москва за постигнување мир во Украина

Vecer | 10.07.2025

Мелони повика на зголемување на притисокот врз Москва за постигнување мир во Украина

- Со масовното и континуирано бомбардирање на цивили, Русија не покажува подготвеност да постигне напредок. Затоа, паралелно со неопходната поддршка за Украина, се согласувам дека мораме да го зголемиме и притисокот врз Москва за што побрзо да се постигне прекин на огнот и да се отвори пат за дипломатија. Мораме да запомниме дека ова може да се случи само со одвраќање“, рече Мелони на Конференцијата за обнова на Украина во Рим.

Мелони истакна дека единството на Западот по ова прашање е клучно, додавајќи дека Украина може да смета на поддршката од Италија.

- Секогаш можете да сметате на целосната поддршка од Италија и јас сум многу горда на работата завршена утрово, која ни овозможи да обезбедиме договори во вредност од над 10 милијарди евра. Затоа, ви благодарам, колеги, и на приватниот сектор што нè поддржа и учествуваше во ова, рече италијанската премиерка.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk