logo
logo
logo

Мелони изрази резервираност во врска со распоредувањето во Ормускиот Теснец

Vecer | 17.03.2026

Мелони изрази резервираност во врска со распоредувањето во Ормускиот Теснец

Слободата на пловидба во теснецот меѓу Иран и Арапскиот Полуостров е од фундаментално значење, изјави Мелони за италијанската телевизија. Сепак, додаде таа, интервенцијата би значела „преземање чекор кон поголема вклученост“ во војната.

Ормускиот Теснец, главна поморска рута и единствен морски премин од Заливот до отвореното море, беше блокиран од Иран како одмазда за американските и израелските воздушни напади.

Трамп претходно ги повика сојузниците да помогнат во обезбедувањето на нафтените пратки низ теснецот, предупредувајќи дека НАТО ќе се соочи со лоша иднина доколку партнерите не помогнат, пишува Фајненшл Тајмс. Германија и другите сојузници ги одбија неговите барања, пренесе ДПА.

Мелони повика на „зајакнување“ на поморската мисија на Европската унија, „Аспидес“ (Aspides). Мисијата, формирана во 2024 година откако Хутите поддржани од Иран нападнаа неколку бродови, досега дејствуваше главно во Црвеното Море.

Шефицата на италијанската влада неколку пати повтори дека нејзината земја нема да учествува во израелско-американските напади против Иран. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk