logo
logo
logo

Мелони: Италија поддржува безбедносни гаранции за Украина по моделот на НАТО

Vecer | 19.08.2025

Мелони: Италија поддржува безбедносни гаранции за Украина по моделот на НАТО

 Италија ги поддржува напорите на САД за постигнување мир и стои на страната на Украина, а истовремено се залага за обезбедување гаранции за нејзината безбедност по моделот на Член 5 од Северноатлантскиот договор, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони на разговорите во Белата куќа со европските лидери, претседателите на САД и Украина и генералниот секретар на НАТО.

Таа истакна дека Италија отсекогаш се залагала за примената на принципот на колективна одбрана, според кој напад врз еден сојузник претставува напад врз сите – како што е предвидено во Член 5 од НАТО.

- Среќна сум што дискутираме за ова и што почнуваме од предлог кој уште од почеток беше италијански – модел по примерот на Член 5. Ние секогаш сме подготвени да ги презентираме нашите предлози за мир и дијалог, за да изградиме заеднички пат кон траен мир и гарантирана безбедност, нагласи Мелони.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk