logo
logo
logo

Мексико гради прифатни центри за мигранти депортирани од САД

Vecer | 23.01.2025

Мексико гради прифатни центри за мигранти депортирани од САД

Центрите се дел од програмата „Мексико ви посакува добредојде“ на мексиканската Влада во случај Трамп да го исполни своето изборно ветување за масовни депортации. Американскиот претседател рече дека сака да преземе мерки против имигрантите кои илегално влегле во САД или кои се во земјата без документи.

Во градот Сиудад Хуарез, преку границата со тексашкиот град Ел Пасо, работниците подигнаа челични конструкции високи метар за прифатни центри. Папата Франциск отслужи миса на истата локација за време на посетата на Мексико во 2016 година.

Вкупно девет прифатни центри за илјадници мексикански мигранти кои може да бидат депортирани од САД ќе бидат изградени долж границата долга околу 3.200 километри, објави завчера Владата на претседателката Клаудија Шејнбаум.

Таму војниците ќе работат во теренските кујни, а властите ќе им обезбедат на мигрантите документи за идентификација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk