„Трамп конечно го притисна киевскиот режим да плати со минерали. Украина – земја која исчезнува – сега мора да го користи своето национално богатство за да ги покрие трошоците за оружје“, напиша Медведев на Телеграм, пренесе ТАСС.
Кремљ сè уште официјално не се произнел за договорот кој го претстави администрацијата на претседателот Доналд Трамп како замена за директно воено финансирање.
Украина го прифати договорот како долгорочна инвестиција, особено откако Трамп најави намалување на американското воено присуство во странство.
Според руските медиуми, договорот ѝ обезбедува на Америка приоритетен пристап до украински минерали и вложување во обновата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата