logo
logo
logo

Медведев: Храната е НАШЕ ТИВКО И СТРАШНО ОРУЖЈЕ

Vecer | 01.04.2022

Медведев: Храната е НАШЕ ТИВКО И СТРАШНО ОРУЖЈЕ

Руската храна е тивко, но застрашувачко оружје на земјата, извозот на земјоделски производи го надминува извозот на вистинско оружје, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.

Тој на Телеграм напиша дека Русија денес е најголемиот производител на жито, заедно со Индија и Кина, и дека во последните години стана најголем извозник на пченица.

„Прехранбената сигурност на многу земји зависи од нашата понуда. Излегува дека нашата храна е нашето тивко оружје. Тивко, но страшно. А ако некој не знае или заборавил, извозот на нашите земјоделски производи го надминува извозот на вистинско оружје - лани изнесуваше повеќе од 37 милијарди долари“, изјави Медведев.

Тој посочи дека Русија ќе испорачува храна само до пријателските земји, а приоритет останува домашниот пазар.

Медведев изјави дека Русија нема да тргува со храна со „непријателските земји“ и дека списокот на производи забранети за увоз, кој беше одобрен во 2014 година, може да се прошири.

Москва како „непријателски земји“ ги нарекува оние на кои Русија им воведе санкции поради нејзината воена интервенција во Украина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk