logo
logo
logo

Медиуми: Напредок во напорите за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран

Vecer | 15.04.2026

Медиуми: Напредок во напорите за продолжување на примирјето меѓу САД и Иран

Американската блокада на иранските пристаништа и неодамнешните закани од Техеран го доведоа во прашање договорот, постигнат пред само една недела. Сепак, претставници од Блискиот Исток денеска посочија дека е постигнат напредок, нагласувајќи дека двете страни постигнале „начелен договор“ за продолжување на примирјето со цел да се овозможат понатамошни разговори.

Пред истекот на рокот за примирјето, закажан за 22 април, посредниците настојуваат да се постигне компромис околу три клучни прашања што ги попречија директните разговори минатиот викенд. Тие се однесуваат на иранската нуклеарна програма, Ормуската Теснина и репарациите за штетите предизвикани од борбените дејства, изјави регионален претставник вклучен во посредничките напори.

Светските лидери, вклучително и американскиот претседател Доналд Трамп и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш, вчера изјавија дека е веројатно наскоро да се одржи нов круг преговори.

- Мислам дека тие (Иран) навистина сакаат да постигнат договор. Сметам дека сме многу блиску до последната фаза - изјави Трамп во интервју за „Фокс бизнис нетворк“.

Американски претставник изјави дека сè уште се разгледуваат нови разговори со Иран и дека во оваа фаза ништо не е дефинитивно договорено.

Друг висок американски претставник посочи дека нема официјална согласност за продолжување на примирјето, но дека разговорите меѓу Вашингтон и Техеран продолжуваат.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека тврдењата за продолжување на примирјето сè уште не се потврдени.

Министерот за финансии на Пакистан, Мухамад Аурангзеб, изјави дека властите во земјата не се откажуваат од посредничките напори за ставање крај на конфликтот. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk