Собирот пред иранската амбасада во Западен Лондон е дел од поширок бран протести против владата во таа земја, кој избувна на 28 декември во Иран поради состојбата на економијата и брзо се претвори во најмасовни демонстрации во последните години.
Се искачи на балконот, го симна знамето на Иран и го крена она од ерата на Пахлави
Учесниците на собирот во Лондон мавтаа со знамиња, извикуваа антивладини пароли и со тоа ја изразија својата поддршка за масовните протести во Иран.
За време на протестот, еден човек беше снимен како стои на балконот на иранската амбасада и го симнува знамето на Иран, истакнувајќи го знамето од династијата Пахлави.
На улиците на лондонскиот кварт Кенсингтон, каде што се наоѓа амбасадата, демонстрантите носеа слики од Реза Пахлави, протераниот син на последниот шах на Иран, Мохамед Реза Шах Пахлави.
The moment Spiderman tore down the Islamic Republic flag at Iran's embassy in London, and raised the lion and sun flag 💪
— Dr. Eli David (@DrEliDavid) January 10, 2026
pic.twitter.com/2C2QSavLl6
Многу учесници во протестите во Иран повикаа на враќање на Реза Пахлави, додека пред амбасадите низ целиот свет, вклучувајќи го и Лондон, се одржаа собири за поддршка со истите барања.
Британскиот премиер: Загрижени сме за ситуацијата во Иран
Две организации за човекови права известуваат дека најмалку 50 демонстранти се убиени од почетокот на протестите во Иран.
Британскиот премиер Кир Стармер, заедно со лидерите на Германија и Франција, минатата недела издадоа заедничка изјава во која изразија длабока загриженост поради извештаите за насилство од страна на иранските безбедносни сили и остро ги осудија убиствата на демонстрантите. Во тој текст, тие рекоа дека се „длабоко загрижени поради извештаите за насилство од страна на иранските безбедносни сили и остро го осудуваат убивањето на демонстрантите“.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата