logo
logo
logo

Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха

Vecer | 20.04.2025

Матарела во велигденската порака: Велигден нека биде поттик за дијалог, единство и утеха

Претседателот на Италија, Серџо Матарела упати велигденска порака до папата Франциск, во која посака сеќавањето на воскресението да ги инспирира припадниците на сите религии, како и неверниците, за стремежот кон општото добро да биде вкотвено во вредностите на правдата и правичноста, неопходни за мирен соживот и просперитет на народот.

„Нека оваа година Велигден, кој сите христијански цркви го слават на ист ден за прв пат по долго време, биде поттик за дијалог, единство и утеха, особено за заедниците кои страдаат од конфликти и несигурност ширум светот“, порача Матарела во пораката до папата Франциск по повод претстојниот Јубилеј на надежта, пренесе италијанската новинска агенција АНСА. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk