logo
logo
logo

Масовни протести во Лос Анџелес -Трамп ја ангажираше Националната гарда

Vecer | 08.06.2025

Масовни протести во Лос Анџелес -Трамп ја ангажираше Националната гарда

Протестите во Лос Анџелес Калифонрија  се под контрола откако по два дена во разбивањето на насобраната маса се вкличи националната гарда која ја испрати претседателот Трам. Тој откако виде дека немирите против имигантската и гранична полиција и рациите кои ги спроведуваат за депоратција на имигранит зема замав нареди 2000 припадници на националната гарда да бидат распоредни итно во Лос Анџелес а под полна готовност се најави дека се подготвени да се вклучат и маринците. Претседателот на САД кој воедно најави и дека забранува носење на маски за време на протестите ѝ се заблагодари на Националната гарда во објава на социјалната мрежа Truth Social за справувањето со кризата.

„Одлична работа од Националната гарда во Лос Анџелес по два дена насилство, судири и хаос. Имаме некомпетентен гувернер (Њусом) и градоначалничка (Бас) кои, како и обично (само погледнете како се справија со пожарите, а сега нивното МНОГУ БАВНО спречување на катасрофи ,не се дораснати на задачата. Овие радикални левичарски протести на поттикнувачи и честопати платени бунтовници, НЕМА ДА СЕ ТОЛЕРИРААТ.“

Судирите со демонстрантите и федералните агенти избувнаа вчера во претежно латиноамериканскиот кварт Парамаунт, во јужниот дел од Лос Анџелес, каде што имигрантските агентите беа стационирани.

Федералните агенти употребија солзавец, шок бомби и гумени куршуми, додека демонстрантите фрлаа камења и парчиња бетон врз возилата на граничната патрола. Улиците беа покриени со чад од запален отпад.

Градоначалничката на Лос Анџелес преку социјалните мрежи демантираше дека националната гарда била вклучена во расчистување на немирите додека гувернерот Њусом, кој е исти така демократ, обвини дека  федералната влада сака спектакл и ги повика граѓаните да не одговараат со насилство.

„Сакам да се заблагодарам на полицијата на Лос Анџелес и законодавните сили  за нивните акции вечерва. Му се заблагодарувам и на гувренерот Њусом за подршката. Само да бидеме на чисто.Националанат гарда не беше распоредена во Лос Анџелес.“

Во меѓувреме во мај годинава Врховниот суд на САД и дозволи на администрацијата на Трамп да го поништи привремениот правен статус на половина милион луѓе од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела по што се разгледуваат можни дестинации за депортација на мигранти меѓу другото и на Балканот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk