Поради пензиската реформа, продолжуваат демонстрациите во Франција. Граѓаните се бесни и му порачуваат на францускиот претседател Емануел Макрон дека треба да се пензионира.
Тие го блокираа пристапот до терминалот на аеродромот во Париз, седеа на железничките шини, се судрија со полицијата и фрлаа проектили врз полициските станици.
Paris: situation à nouveau tendue dans le quartier de l'Opéra pic.twitter.com/akr4pzvE1c
— BFMTV (@BFMTV) March 23, 2023
Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во градот Нант, објави Ројтерс.
Во Рено употребија водени топови, како што може да се види на снимките на БФМ ТВ.
🔴🚨#manif23mars | Plusieurs cortèges, plusieurs feux en cours dans #Paris. pic.twitter.com/EjkdqnOjcI
— | Actunivers (@actunivers) March 23, 2023
Во Лориен, демонстрантите со проектилите предизвикаа мал пожар во дворот на полициската станица.
Paris, France 🇫🇷
“If you want a picture of the future, imagine a boot stamping on a human face— forever.”
~ George Orwell, 1984 pic.twitter.com/GhVpUEcWai
— James Melville (@JamesMelville) March 23, 2023
Жерар Дарманин, францускиот министер за внатрешни работи, на Твитер напиша дека нападите врз потпрефектурата и полициската станица во Лориен се неприфатливи.
Тој вети дека овие дела ќе бидат казнети.
Макрон изјави дека законот ќе стапи во сила до крајот на годинава, споредувајќи ги протестите со нападот врз американски Капитол на 6 јануари 2021 година.
Унијата на средношколци (ФИДЛ) утринава објави дека се блокирани повеќе од 400 средни училишта. Тоа значи дека учениците дошле на училиште, но не посетуваат настава.
🔴 La dispersion était quasi impossible sur Opera, des milliers de manifestants partent en cortège sauvage en direction de République à #Paris
Nombreuses dégradations sur ke chemin, peu ou pas de policiers. #manif23mars pic.twitter.com/nZ6k2upkY4
— Clément Lanot (@ClementLanot) March 23, 2023
Премиерката Елизабет Борн минатата недела употреби специјална процедура во парламентот без гласање да го протурка непопуларниот предлог-закон за пензиски реформи, со кој старосната граница за целосно пензионирање ќе се зголеми за две години, од 62 на 64 години.
Скоро 300 јавни личности ги поддржаа протестите во Франција. Објаснувањето беше дека пензискиот систем не е одржлив и реформата е потребна.
France 🇨🇵 on 🔥🔥🔥
— Wall Street Silver (@WallStreetSilv) March 23, 2023
Се намалува рејтингот на францускиот претседател Емануел Макрон. Него го поддржуваат само 28 отсто од француските граѓани. Но, 70 отсто се незадоволни.
Популарноста на претседателот месецов се намали на 28 отсто, што е најниско ниво од почетокот на 2019 година, односно од крајот на кризата предизвикана од бунтот на „Жолтите елеци“.
JUST IN: Stunning video emerges of what appears to be FIREFIGHTERS JOINING THE PROTESTS in Paris — The large group of protesters are purportedly headed to the center of the city..
— Chuck Callesto (@ChuckCallesto) March 23, 2023
Непопуларната реформа на пензискиот систем го урна неговиот рејтинг. Анкетата на Ифоп барометар која ја објави Журнал ди диманш доаѓа во момент кога владата се повика на Уставот за да овозможи усвојување на пензиската реформа.
La foule est en colère#ViolencesPolicieres #NonALaReformeDesRetraites #Paris pic.twitter.com/XWBWBXHCbN
— Laurent pour AB7 Média (@laurentbigfr) March 23, 2023
Популарноста на француската премиерка Елизабет Борн е стабилна во март и изнесува 29 отсто, а од нејзината работа се незадоволни 67 отсто од граѓаните.
Истражувањето е направено на примерок од 1.928 луѓе постари од 18 години. Французите не сакаат пензионирање на 64 години и затоа протестираа во Париз и други градови. Имаше насилни протести и приведени демонстранти.
Улиците на Париз се затрупани со смет.
CHAOS ⚫️🇫🇷🔴#manif en direction de l’Elysée / notre live est systématiquement bloqué sur Twitter. Nous diffusons sur telegram :
La situation dégénère Rennes, Brest, Paris et partout en France ce soir #Greve23Mars #greve22mars #manif23mars #macron pic.twitter.com/PcRoKARHN1
— DIRECT INFOS (@directcdm2022) March 23, 2023
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата