logo
logo
logo

Масовна тепачка во авион- се степале поради детски филм, авионот итно слетал (ВИДЕО)

Vecer | 07.03.2025

Масовна тепачка во авион- се степале поради детски филм, авионот итно слетал (ВИДЕО)

Петгодишно момче на својот iPad гледал римејк на филмот „The Karate Kid“ кога жената пред него го замолила да го исклучи уредот, пренесува Daily Mail.

Мајката на момчето тврди дека малото момче го гледало филмот со намален тон, а една жена која седела четири реда напред „станала агресивна“ и „навредувала“.

Тврди и дека сопругот на жената ја фатил партнерката за врат. ВИДЕОТО од тепачката погледнете ја на следниот ЛИНК.

Кога пилотот бил информиран за сѐ, решил принудно да слета во Порто, каде полицијата ги чекала учесниците во инцидентот.

После сѐ, мајката на момчето најавува дека ќе ја тужи авиокомпанијата, инсистирајќи дека нејзиното семејство е жртвата.

 „Искусивме расна злоупотреба, дискриминација и физички напад. Мојот син остана многу исплашен и вознемирен“, изјави таа за британските медиуми.

Таа смета дека кабинскиот екипаж требало да го „поддржи нејзиното семејство“ и дека не добила никаков одговор од EasyJet.

Се претпоставува дека учесниците во инцидентот морале сами да си организираат превоз од Порто, откако биле „симнати“ од летот.

Авиокомпанијата објави кратко соопштение, нагласувајќи дека „безбедноста им е највисок приоритет“ и дека „не толерираат однесување поврзано со инциденти“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk