logo
logo
logo

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите

Vecer | 06.05.2025

Масовен напад со дронови врз Москва, затворени аеродромите

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави на социјалните мрежи дека најмалку 19 украински дронови биле уништени пред да стигнат до градот, „од различни насоки“.

Тој рече дека делови од соборените беспилотни летала паднале на еден од главните патишта кон Москва, но немало жртви.

Украина претходно објави дека во неделата го погодила командниот центар на беспилотните летала во Курската област, во близина на руското село Тјокино.

Москва во април објави дека ја вратила контролата врз целиот регион, девет месеци откако украинските сили извршија ненадејна инвазија. Киев тврди дека сè уште има војници кои дејствуваат од другата страна на границата.

Исто така во Курск, руските власти објавија дека електрична трафостаница во градот Рилск останала без струја во понеделникот откако била оштетена во украински напад.

Украина во моментов напаѓа многу региони во Русија со беспилотни летала. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk