logo
logo
logo

Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп

Vecer | 29.05.2025

Маск потврди дека ја напушта администрацијата на Трамп

- Како што моето време како специјален владин службеник се ближи кон крајот, би сакал да му се заблагодарам на претседателот Доналд Трамп за можноста да го намалам расипничкото трошење, напиша тој на X.

Мандатот на Маск од 130 дена како специјален владин службеник требаше да измине на 30 мај. Владата на САД посочи дека напорите на DOGE за реструктуирање и намалување на владините трошоци ќе продолжат.

- Мисијата на DOGE само ќе се зајакне со текот на времето, откако ќе стане начин на работа за владата, напиша Маск.

Службеник на Белата куќа ја потврди информацијата за заминувањето на Маск и рече дека „неговото повлекување ќе почне денеска“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk