logo
logo
logo

Маск: Невладините организaции и перењето пари се синоними, МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СЕ ИСПРАНИ, АПСЕЊА СЕ НЕИЗБЕЖНИ

Vecer | 04.04.2025

Маск: Невладините организaции и перењето пари се синоними, МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ СЕ ИСПРАНИ, АПСЕЊА СЕ НЕИЗБЕЖНИ

Демократите даваат милијарди долари на невладини организации што ги водат демократи, а потоа тие пари се пренасочуваат низ цела мрежа од дополнителни невладини организации. Ова е огромна шема за перење пари. Навистина, во овој момент, мислам дека зборовите „ невладина организација “ и „перење пари“ се речиси синоними. изјави Илон Маск во емисија со Џеси Вотерс.

Џеси Вотерс: Илон, како си? Јас сум Џеси Вотерс, драго ми е што те гледам. Нема да те молам да дојдеш во мојата емисија – знам дека тоа евентуално ќе се случи. Пред некој ден кажа дека откри докази за масовна измама со социјалното осигурување и дека апсењата се неизбежни. Што можеш да ни кажеш за тоа? И што можеш да ни кажеш за тоа како политичарите заработуваат огромни суми пари од федералната влада, како Ненси Пелоси, на пример?

Илон Маск: Да, значи, има навистина многу измами. Прашањето е што треба да се гони најпрво, бидејќи листата е многу долга. Мораме да ја приоретизираме листата. Ја предадовме листата на Министерството за правда, но тие имаат процес низ кој мора да поминат, да ја разгледаат и да одлучат.

Тркалата на правдата се вртат бавно. Всушност, јас имам манијакално чувство за итност, па кога ќе видам дека се случила огромна измама, си велам: „Зошто сеуште не сме уапсиле некого?“ Но, како што велат, тркалата на правдата се вртат бавно, но сигурно.

Мислам дека лицето што украде 400.000 броеви на социјално осигурување – можеби и повеќе – ќе биде уапсено, се надевам, оваа недела. И, во однос на невладините организации, овие таканаречени лажни невладини организации, мислам дека треба да има неколку апсења и во тој поглед.

Бидејќи ова се лажни добротворни организации, каде што, најчесто демократите, понекогаш има и некои републиканци во тоа, бидејќи понекогаш им фрлаат коска на републиканците за да молчат. Така почнува да се создава тој унипартиски систем.

Но, ова оди многу во „корист“ на демократите. Тие даваат милијарди долари на невладини организации што ги водат демократи, а потоа тие пари се пренасочуваат низ цела мрежа од дополнителни невладини организации. Ова е огромна шема за перење пари. Навистина, во овој момент, мислам дека зборовите „ невладина организација “ и „перење пари“ се речиси синоними.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk