logo
logo
logo

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата

Vecer | 08.12.2025

Маск ја спореди ЕУ со нацисти, X казни профил на Еврокомисијата

- Вашиот рекламен профил е укинат, напиша синоќа шефот на одделот за производи на X, Никита Биер, во одговор на објавата на Европската комисија на X, со која ја соопшти нејзината казна од 120 милиони евра (140 милиони долари) за прекршување на правилата за транспарентност.

Биер рече дека профилот на ЕУ објавил содржина што „ги залажува корисниците да мислат дека тоа е видео и вештачки да го зголеми својот досег“. Сепак, профилот на Европската комисија на X и нејзините објави остануваат видливи, пренесе ДПА.

Во меѓувреме, технолошкиот милијардер Маск продолжи да ја напаѓа, како што истакна, „тиранската, неизбрана бирократија која го угнетува народот на Европа“.

Маск реобјави коментар на еден корисник кој напиша дека ЕУ е „Четвртиот рајх“, заедно со слика на знамето на ЕУ кое се лупи за да открие знаме на нацистичка Германија со свастика под него.

ЕУ во петокот го казни X со 120 милиони евра (140 милиони американски долари) за кршење на нејзините правила за транспарентност, обвинувајќи ја платформата за лажно авторизирање на корисничките профили со сини ознаки, дека крие податоци од истражувачите и не ги документира транспарентно рекламите поставени на платформата.

Комисијата соопшти дека висината на казната е пропорционална на прекршувањето.

Казната предизвика критики и од американскиот државен секретар Марко Рубио.

- Казната од 140 милиони долари на Европската комисија не е само напад врз Х, тоа е напад врз сите американски технолошки платформи и американскиот народ од страна на странски влади, објави тој на Х. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk