logo
logo
logo

Маск и Рубио во кавга со полскиот министер за одбрана: Биди мирен, мало човече

Vecer | 09.03.2025

Маск и Рубио во кавга со полскиот министер за одбрана: Биди мирен, мало човече

Во објавата на X, повикувајќи на мирно решавање на војната во Украина, Маск изјави дека неговиот систем Starlink е „рбетот“ на украинската војска.

Starlink, кој обезбедува интернет конекција преку сателитите на SpaceX, е од клучно значење за украинските воени операции, а Маск тврди дека украинската линија на фронтот би се урнала без неговата технологија.

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна линија на фронтот ќе се урне ако ја исклучам“, напиша тој на X.

Полскиот министер за надворешни работи Сикорски одговори на тврдењата на Маск со објава на X, истакнувајќи дека полското Министерство за дигитализација плаќа околу 50 милиони долари за пристап на Украина до Starlink и дека Полска може да одлучи да ги насочи тие средства на друго место.

„Оставајќи ја настрана етиката за заканување на жртвата на агресија, доколку SpaceX се покаже како несигурен давател на услуги, ќе бидеме принудени да бараме други добавувачи“, напиша Сикорски.

Рубио веднаш застана во одбрана на Маск, обвинувајќи го Сикорски за фабрикување факти.

„Никој не се закануваше дека ќе го прекине Старлинк за Украина“, напиша Рубио. „И кажете благодарам, бидејќи без Старлинк Украина одамна ќе ја изгубеше оваа војна и Русите сега ќе беа на границата со Полска.“

И Маск му одговори на Сикорски:

„Нема замена за Starlink.

Потоа додаде:

„Биди мирен, мало човече. Плаќаш само мал дел од трошоците“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk