logo
logo
logo

Маск: Го предизвикувам Путин на физичка пресметка околу Украина

Vecer | 09.03.2025

Маск: Го предизвикувам Путин на физичка пресметка околу Украина

„Буквално го предизвикав Путин на физичка пресметка еден на еден околу Украина, а мојот систем Старлинк е столбот на украинската војска. Целата нивна прва линија на фронтот ќе се урне ако го исклучам“, напиша тој на X.

Маск истакна дека е ужаснат од годините на крвопролевање во војната која, Украина на крајот нема да може да ја добие.

„Она што ме згрозува се годините на масакр во ќор-сокак што Украина неизбежно ќе го загуби.“

Заклучи со пораката дека секој што навистина се грижи, размислува и ја разбира ситуацијата треба да бара крај на војната.

„Секој кој навистина се грижи, навистина мисли и навистина разбира, сака да престане оваа мелница за месо. МИР СЕГА!!“

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk