logo
logo
logo

Марк Руте во дводневна посета на САД

Vecer | 24.04.2025

Марк Руте во дводневна посета на САД

Според најавата за време на дводневниот престој во Вашингтон, Руте ќе се сретне со американскиот државен секретар Марко Рубио, со секретарот за одбрана Пит Хегсет и со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Мајк Волц. 

Се очекува на средбите да стане збор за актуелните глобални предизвици, пред се поврзани со напорите на САД за прекин на конфликтот во Украина. 

Исто така, се очекува Руте со своите домаќини да разговара и за подготовките на претстојниот Самит на НАТО, што треба да се одржи на 24 и 25 јуни во Хаг, како и за барањата на САД за зголемување на одвојувањата за одбраната од страна на европските членки на Алијансата и Канада на ниво до пет отсто од националните БДП. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk