logo
logo
logo

Мао: Кина поддржува мирно решавање на украинската криза

Vecer | 11.03.2025

Мао: Кина поддржува мирно решавање на украинската криза

Кина ги поддржува сите напори што водат кон мирно решавање на украинската криза и се надева дека сите страни можат да постигнат праведно, трајно и прифатливо решение, изјави денеска портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг.

„Кина е подготвена да продолжи да работи со меѓународната заедница за да одигра конструктивна улога во политичкото решавање на кризата“, рече Мао на редовниот брифинг со новинарите, пренесе Ксинхуа.

Преговорите меѓу претставниците на Украина и Соединетите Американски Држави започнаа во Џеда, Саудиска Арабија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk