Регионалната полиција на Јорк соопшти дека детето кое починало имало една година и 5 месеци. Шест други деца, на возраст од 18 месеци до три години, се повредени во несреќата. Едно од нив е во критична состојба.
Полицијата на прес-конференција соопшти дека тројца вработени во градинката во Ричмонд Хил, Онтарио, исто така се повредени.
Властите соопштија дека е уапсен 70-годишен возач. Полицијата не верува дека инцидентот бил намерен.
За време на инцидентот имало 96 деца во зградата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата