logo
logo
logo

Макрон во прва официјална посета на Словенија

Vecer | 21.10.2025

Макрон во прва официјална посета на Словенија

Макрон на првата официјална посета на Словенија потпиша повеќе договори, меѓу кои и за партнерство во областа на нуклеарната енергија и образованието.

- Често слушаме дека изградба на нова нуклеарна централа е премногу за Словенија. А вистината е дека не ја планираме исклучиво и само за Словенија, туку планираме и објект со кој регионот на Југоисточна Европа би обезбедил голем дел од своите потреби во однос на електричната енергија, наведе Голоб.

На средбата Голоб – Макрон се разговараше и за словенечко-француска соработката во автомобилската индустрија. Новите електрични возила на Рено ќе се произведуваат во фабриката во Нови Место.

Макрон и Голоб се осврнаа и на актуелните прашања од надворешната политика, како што се најавените мировни преговори за Украина и завршувањето на конфликтот во Појасот Газа. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk