logo
logo
logo

Макрон: Русија само ескалира и не сака мир

Vecer | 06.12.2025

Макрон: Русија само ескалира и не сака мир

- Русија се затвора во ескалациски пат и не бара мир. Остро ги осудувам масовните напади кои синоќа беа насочени кон Украина, особено нејзината енергетска и железничка инфраструктура, напиша францускиот претседател на Х.

Тој најави и клучен состанок кој ќе се одржи следната недела.

- Мораме да продолжиме да вршиме притисок врз Русија за да ја принудиме да го избере мирот. Во понеделник ќе отпатувам за Лондон за да се сретнам со украинскиот претседател, британскиот премиер и германскиот канцелар, со цел да ја процениме ситуацијата и тековните преговори во рамките на американското посредување, информира Макрон.

Тој нагласи дека Украина може да смета на „непоколебливата поддршка“ на Франција и дека Коалицијата на подготвените дејствува токму со таа цел.

- Ќе ги продолжиме овие напори со Американците за да ѝ обезбедиме на Украина безбедносни гаранции, без кои нема да биде можен никаков силен и траен мир. Затоа што, она што е во прашање во Украина е и безбедноста на цела Европа, заклучи Макрон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk