logo
logo
logo

Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина

Vecer | 27.03.2025

Макрон: Не може да има укинување на санкциите за Русија пред да се воспостави мир во Украина

- Не може да има укинување на санкциите пред да се воспостави мир, додаде Макрон.

Тој соопшти дека е донесена одлука да им се наложи на министрите за надворешни работи од коалицијата на подготвените да достават предлог за тоа како би можело да се надгледува евентуално примирје. За тоа имаат рок од три недели.

Дополнително, Макрон најави дека Велика Британија и Франција ќе испратат делегација во Украина за да соработуваат со украинските вооружени сили и да им помогнат во планирањето на идните чекори.

По разговорите со британскиот премиер Кир Стармер, Макрон изјави дека тие двајца ќе им наложат на воените команданти да организираат испраќање на француско-британски тим во Украина во наредните денови за тесна соработка со украинските партнери.

Францускиот претседател потоа зборуваше за тоа како ова ќе ѝ помогне на коалицијата во иднина.

Според него, коалицијата ќе испитува „кој формат е потребен во однос на бројот на војници, како и каква опрема и техника се неопходни за одговор на идната агресијата на Русија и за спречување на какви било агресивни руски дејствија“.

- Ова ќе ни овозможи да влеземе во фаза на планирање за да го разјасниме придонесот на секоја членка на коалицијата и да ѝ дадеме на Украина јасна слика за многу прецизен акциски план кој сакаме да го спроведеме“, заклучи Макрон. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk