- Чудно да се види Русија како повикува на прекин на огнот на Блиски Исток, додека тврдоглаво одбива да го прифати во Украина, наведе Макрон.
Тој додаде и дека останува непоколебливата поддршката на Франција за Украина.
Зеленски ја коментираше одлуката на САД за ублажување на санкциите врз руската нафта, посочувајќи оти тоа нема да придонесе за мирот, туку само ќе ја направи Русија посилна.
Тој предупреди дека Украина се соочува со сè поакутен недостиг на ракети за противвоздушна одбрана.
Зеленски тврди дека земјите од Персиски Залив за неколку дена употребиле толку ракети „Патриот“ колку што Киев добил од Вашингтон за четири години.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата