logo
logo
logo

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите

Vecer | 01.06.2025

Макрон им честиташе на играчите по успехот во ЛШ, 68 навивачи уапсени за време на прославите

„Ден на триумф за ПСЖ. Браво!“ напиша Макрон на својата страница на социјалната мрежа X.

Пари Сен Жермен ја постигна најубедливата победа во историјата на финалните натпревари од Лигата на шампионите. Во Минхен, парискиот клуб го победи италијанскиот Интер со 5:0.

Во меѓувреме, париската полиција приведе 68 фудбалски навивачи за учество во немирите за време на финалето на Лигата на шампионите, објави БФМТВ, повикувајќи се на извор од органите за спроведување на законот. По победата на Пари Сен Жермен, навивачите се обидоа да го блокираат кружниот пат на главниот град.

Францускиот министер за внатрешни работи Бруно Рејто изјави дека им наредил на органите за спроведување на законот да „дејствуваат цврсто“. Безбедноста во главниот град ја обезбедуваа 5.400 полицајци и жандармери.

Париската полиција употреби солзавец за време на судирите со фудбалските навивачи на Шанзелизе, јавуваат француските медиуми. Агресивните навивачи користеле пиротехнички средства, фрлале камења и шишиња кон полицајците. Како одговор, полицијата ги привела хулиганите и ситуацијата се смирила./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk