logo
logo
logo

Макрон и Стармер организираат самит за Ормутскиот теснец

Vecer | 14.04.2026

Макрон и Стармер организираат самит за Ормутскиот теснец

Претседателот на Франција и британскиот премиер, Кир Стармер и Емануел Макрон на 17 април во Париз ќе бидат домаќини на самитот на кој ќе се разговара за план со кој би се осигурало дека Ормутскиот теснец ќе остане отворен за пловидба по завршување на војната на Блиски Исток.

- Самитот ќе ја унапреди работата на координиран, независен и мултинационален план за заштита на меѓународниот превоз по завршувањето на конфликтот, истакна портпаролот на Стармер.

Макрон претходно изјави дека земјите што учествуваат во иницијативата ќе работат на „строго одбранбена мисија, одвоена од страните во конфликтот“, која „се планира да биде распоредена штом околностите дозволат“.

Во Вестминстер е формиран нов владин комитет за справување со последиците од конфликтот со Иран.

Комитетот за одговор на кризата на Блискиот Исток денеска го одржа својот прв состанок за да ја разгледа ситуацијата во Ормутскиот теснец, воден пат кој е од витално значење за глобалните испораки на нафта и гас. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk