„Многу успешна подготовка за вонредниот самит на 6 март, на кој ќе одлучиме за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбрана“, најави претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта по видео-конференцијата на која присуствуваа лидерите на сите 27 земји-членки и претседателот на Европската комисија.
Кошта свика вонреден самит за следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската безбедност.
Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше три часа со американскиот претседател Доналд Трамп вчера во Вашингтон.
По средбата, тој изјави дека постигнувањето мир во Украина не смее да значи „предавање“ на Киев и инсистираше на потребата од „безбедносни гаранции“ за да се избегне Русија да продолжи со офанзивата.
И покрај големите разлики во мислењата со неговиот домаќин, американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече дека е „убеден дека постои пат“ да се стави крај на војната во Украина.
И британскиот премиер Кир Стармер во четврток во Вашингтон ќе разговара со американскиот претседател Доналд Трамп.
После тоа, Стармер ќе ги собере лидерите на неколку земји-членки на ЕУ во Лондон и ќе им извести за разговорот со Трамп.
Европската унија и Обединетото Кралство, кои ја напуштија ЕУ пред пет години, работат на заеднички план за одбрана на континентот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата