logo
logo
logo

Махмуд Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

Vecer | 21.09.2025

Махмуд Абас: Признавањето на палестинската држава е чекор кон траен мир

- Претседателот на Палестинската држава, Махмуд Абас, го поздравува соопштението за признавање на независна палестинска држава од страна на Обединетото Кралство, потврдувајќи дека ова е важен и неопходен чекор кон постигнување праведен и траен мир, се вели во првото соопштение на претседателството, по што Абас го поздрави признавањето и од Канада и Австралија.

Во пишаната изјава тој наведува дека „признавањето на правото на палестинскиот народ на самоопределување, слобода и независност ќе го отвори патот за спроведување на решението со две држави и ќе ѝ овозможи на палестинската држава да живее рамо до рамо со Државата Израел во безбедност, мир и добро разбирање“.

Обединетото Кралство, Канада и Австралија денеска истовремено објавија дека донеле одлука официјално да ја признаат Палестика како суверена држава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk