logo
logo
logo

Мајка од Австралија го труела своето бебе, го снимала додека се грчело и снимките ги продавала

Vecer | 16.01.2025

Мајка од Австралија го труела своето бебе, го снимала додека се грчело и снимките ги продавала

Таа на интернет поставила снимки од својата ќерка, за која тврдела дека е болна, а потоа од своите следбеници барала пари, објави Њуз18.

Полицијата во Квинсленд соопшти дека 34-годишната жена ѝ дала на својата ќерка неколку лекови без рецепти.

Злоупотребата на девојчето ја откриле лекарите во болницата, кои сомнителниот случај веднаш го пријавиле во полиција.

„Додека детето имало болки, таа го снимала, а потоа снимката ја објавила на социјалните мрежи. На овој начин го привлекла вниманието на луѓето, кои ѝ платиле пари за лекување“, се вели во полициското соопштение.

Жената, чиј идентитет не се соопштува, е уапсена и обвинета за пет точки за труење дете, злоупотреба и експлоатација на малолетно лице.

Полицијата соопшти дека ќе направи сѐ за да го спаси детето од опасност и да ги повика на одговорност сите престапници.

Се очекува жената утре да се појави пред судот во Бризбејн.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk