logo
logo
logo

Магасамен: Запирањето на американската воена помош може да ја парализира Украина

Vecer | 03.03.2025

Магасамен: Запирањето на американската воена помош може да ја парализира Украина

Магсамен, коај беше шефица на кабинетот на Лојд Остин кога тој беше секретар за одбрана на САД, за Фајненшл Тајмс изјави дека со суспендирање на воената помош за Киев, САД во суштина ќе ја предадат Украина на рускиот претседател Владимир Путин.

Друг поранешен функционер во администрацијата на поранешниот претседател на САД Џозеф Бајден изјави за Фајненшл Тајмс дека верува оти Украина може да се бори без американска поддршка со месеци, „но не и со години“.

„Волстрит Џурнал“ претходно објави дека по расправијата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа во петокот, Трамп им наредил на претставниците на националната безбедност да разгледаат дали Вашингтон може привремено или целосно да ја запре испораката на оружје за Украина.

Неименуван функционер од администрацијата на Трамп за „Њујорк тајмс“ изјави дека Трамп денеска во Вашингтон ќе се сретне со неговите врвни соработници за национална безбедност, вклучително и државниот секретар Марко Рубио и секретарот за одбрана Пит Хегсет, за да разгледаат низа политички опции за Украина, вклучително и суспендирање на американската воена помош за Киев. Изворот рекол дека на состанокот ќе се разговара и за можно суспендирање на пратките со муниција и опрема во Украина, кои беа одобрени за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден.

Зеленски синоќа изрази уверување дека може да ги обнови односите со Трамп по нивната средба во Белата куќа во петокот. Тој нагласи дека разговорите со Трамп треба да продолжат во поинаков формат. Зборувајќи пред новинарите во Лондон, Зеленски исто така рече дека работи на подготовка за нови предизвици, иако не смета дека САД ќе ја прекинат воената помош за Украина, бидејќи тоа, според него, само ќе му помогне на рускиот претседател Владимир Путин. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk