logo
logo
logo

Мадуро пристигна во Москва: Европа треба да биде благодарна на Црвената армија

Vecer | 07.05.2025

Мадуро пристигна во Москва: Европа треба да биде благодарна на Црвената армија

Европа треба им да биде благодарна на Црвената армија и СССР бидејќи беше ослободена од нацистичкиот режим, изјави претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, кој пристигна во Москва на прославата на осум децении од победата над фашизмот.

- Европа треба да биде благодарна на Црвената армија и Советскиот Сојуз кој ја ослободи од нацизмот и фашизмот. Токму Црвената армија ја ослободи Европа, рече Мадуро, пренесоа руски медиуми.

Доаѓањето на венецуелската делегација на прославата на Денот на победата во Москва има за цел да го истакне почитувањето и восхитот кон народот на Русија, додаде тој.

Венецуелскиот претседател рече дека победата на СССР во 1945 година и триумфот на Црвената армија се победа на целото човештво.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk