„Се справуваме добро. Ние сме борци“, порачал Мадуро за себе и за сопругата Силија Флорес од ќелијата во САД, пренесе неговиот син.
Според истиот извор, Мадуро им рекол на своите адвокати „да не тагуваат“. Венецуелскиот лидер беше приведен и префрлен во САД за време на американската воена операција во Каракас на 3 јануари.
Мадуро и првата дама во понеделникот за првпат се појавија пред суд во Менхетен, Њујорк, каде што се изјаснија дека не се виновни по обвиненијата за нарко-тероризам и трговија со кокаин.
Изјавите на Мадуро неговиот син ги пренел за време на состанок на владејачката Обединета социјалистичка партија на Венецуела.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата