logo
logo
logo

Мадуро: Нашите разлики со САД не се оправдување за воен конфликт

Vecer | 06.09.2025

Мадуро: Нашите разлики со САД не се оправдување за воен конфликт

Изјавата на Мадуро беа поттикната од заканата на американскиот претседател да собори венецуелски авиони доколку тие ги загрозат воените сили на Вашингтон во Карипското Море.

„Нема разлики меѓу нас, ниту сегашни ниту минати, што би можеле да доведат до воен конфликт“, рече венецуелскиот лидер во порака емитувана на сите радио и телевизиски станици во латиноамериканската земја.

„Нема оправдување за ова“, додаде Мадуро, отфрлајќи ги обвинувањата на Трамп дека Венецуела и тој се во срцето на огромна мрежа за трговија со дрога.

Вашингтон неодамна ја дуплираше наградата за апсење на Мадуро по обвинение за дрога на 50 милиони долари. Според САД, венецуелскиот претседател е на чело на наркотерористички картел.

Вашингтон распореди неколку воени бродови во јужниот дел на Карипското Море како дел од операцијата за борба против трговијата со дрога, а вчера американскиот лидер му се закани на Каракас дека ќе собори венецуелски авиони доколку тие ги загрозат американските воени бродови.

Американското предупредување дојде откако Пентагон претходно објави дека два венецуелски борбени авиони прелетале опасно ниско над бродови на морнарицата на Вашингтон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk