Претходно, Директорот на Нобеловиот институт, Кристијан Берг Харпвикен изјави дека Мачадо не е во Норвешка и нема да присуствува на денешното доделувањето на наградата во Градското собрание на Осло поради заканите од венецуелските власти.
Наградата за мир традиционално се доделува на 10 декември во Градското собрание на Осло, додека наградите во другите категории – за медицина, хемија, физика, литература и економија денеска ќе се доделат во Стокхолм.
Мачадо ја доби Нобеловата награда за мир во октомври за нејзината посветеност на демократските права на венецуелскиот народ. Таа живее во Венецуела, но повеќе од една година се крие од властите, бидејќи се плаши дека може да биде убиена од властите.
Канцеларијата на венецуелскиот јавен обвинител неодамна се закани дека ќе ја смета 58-годишната Мачадо за бегалец ако ја напушти Венецуела поради разните истраги против неа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата