logo
logo
logo

МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги

Vecer | 18.06.2025

МААЕ: Во израелските напади се погодени два ирански погони за производство на центрифуги

 Во израелските напади се погодени два ирански погони - објектот „ТЕСА Караџ“ и истражувачкиот центар во Техеран, кој произведуваа делови за центрифуги, машини што збогатуваат ураниум, соопшто денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„На локација во Техеран е погодена една зграда каде се произведуваа и тестираа напредни ротори на центрифуги. Две згради каде се произведуваа разни компоненти на центрифуги беа уништени во Караџ“, соопшти МААЕ во објава на социјалната мрежа Икс.

Во меѓувреме, генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаело Гроси, изјави дека Иран нема намера да развива нуклеарно оружје.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk