logo
logo
logo

МААЕ: Иран ги зголеми резервите со збогатен ураниум и врши тајни нуклеарни активности

Vecer | 31.05.2025

МААЕ: Иран ги зголеми резервите со збогатен ураниум и врши тајни нуклеарни активности

Во најновиот доверлив извештај на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), во кој увид имаа западни медиуми, се наведува дека Иран ги зголемил резервите на збогатен ураниум и извршува тајни нуклеарни активности на три локации користејќи материјали непријавени во МААЕ.

Во извештајот се посочува дека Иран спроведува тајни нуклеарни активности во Лависан Шијан, Варамин и Мариван.

Според МААЕ, Иран во последниот квартал од 2024 година, ги зголемил резервите на збогатен ураниум за 953,2 килограми на 9.247,6 килограми.

Иранските резерви на ураниум збогатен до 20 проценти во форма на ураниум хексафлуорид (УФ6) намалени за 332,3 килограми на 274,5 килограми, но во исто време резервите на ураниум збогатен до 60 отсто во форма на УФ6 зголемени се за 133,8 килограми, на 408,6 килограми.

Според дефиницијата на МААЕ, околу 42 килограми ураниум збогатен до 60 проценти е теоретски доволно, доколку се збогати дополнително, за производство на атомска бомба.

МААЕ повикувајќи се на изјави на поранешни високи ирански владини претставници Техеран има капацитети за производство на нуклеарно оружје./MИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk