logo
logo
logo

Лондон: „Многу наскоро“ нова средба со САД, Украина и европските партнери

Vecer | 18.04.2025

Лондон: „Многу наскоро“ нова средба со САД, Украина и европските партнери

И покрај изјавата на американскиот државен секретар Марко Рубио, кој сугерираше дека САД може да се откажат од посредувањето доколку не се постигне напредок, британската влада повтори дека останува посветена на изнаоѓање пат кон прекин на огнот во Украина.

- Договорено е многу наскоро повторно да се сретнеме со партнерите од Е3, САД и Украина, за да најдеме начин да постигнеме прекин на огнот и целосен, одржлив мир, изјави портпарол на британската влада за Скај Њуз.

Е3 е неформална безбедносна група составена од Велика Британија, Франција и Германија, основана во 2003 година за време на кризата во Ирак, а подоцна се фокусираше на иранската нуклеарна програма./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk