logo
logo
logo

Лондон го повика Израел да го oбнови снабдувањето со електрична енергија во Газа

Vecer | 10.03.2025

Лондон го повика Израел да го oбнови снабдувањето со електрична енергија во Газа

„Ние сме длабоко загрижени“, изјави за новинарите портпаролот на британскиот премиер Кир Стармер и укажа дека

„хуманитарната помош никогаш не треба да биде политичко средство“.

Израел пред една недела спречи испорака на хуманитарна помош во Газа со цел да изврши притисок врз движењето Хамас, кое владее со територијата и е во војна со него од октомври 2023 година.

Израелска делегација денеска замина за Доха на нови индиректни преговори со Хамас за продолжување на примирјето во Појасот Газа, изјави неименуван израелски функционер.

Првата фаза од примирјето истече и неформално е продолжена до крајот на март, бидејќи Израел и Хамас разменуваат обвинувања за прекршување на примирјето.

Израелската делегација треба да разговара со катарските посредници за начинот како да се одржи примирјето и постигнувањето договор за ослободување на 58 лица кои една и пол година се заложници на Хамас. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk