logo
logo
logo

Лојд Остин во посета на Киев

Vecer | 20.11.2023

Лојд Остин во посета на Киев

- Денеска сум тука за да пренесам важна порака – САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина во нејзината борба за слобода против руската агресија, и сега и во иднина, напиша Остин.

Посетата на Остин доаѓа во време на растечки несогласувања околу Украина во американскиот Конгрес. На 6 и 7 декември во Вашингтон треба да се одржи Конференција за одбранбена индустрија која има за цел да го поттикне производството на оружје во Украина, во услови на конфликтот кој почна пред речиси две години.

Американската помош за Киев од почетокот на војната во февруари 2022 година изнесува десетици милијарди долари. Вашингтон постојано ветува дека ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно, но се соочува со зголемен отпор од некои републикански конгресмени.

Остин е во Киев „за да се сретне со украинските лидери и да ја повтори непоколебливата поддршка на САД за борбата на Украина за слобода“, се вели во соопштението на Пентагон за посетата, која не беше однапред најавена од безбедносни причини. Остин ќе ја нагласи „континуираната посветеност на САД да и пружат на Украина безбедносна помош што и е потребна за да се одбрани од руската агресија“.

Ова е втора посета на Остин на Киев од почетокот на војната. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MEDIANET LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk